top of page

   Роден во Велес. Завршува педагошка академија во Скопје во 1982 година,а потоа и Факултет за ликовна уметност во Скопје, на педагошкиот оддел,графичка насока. Магистер по ликовна уметност, област графика. Член на Друштвото на ликовни уметници на Велес и Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Работната кариера ја започнува во 1979 година во археолошкиотлокалитет Стоби, како конзерватор на фреско живопис и движен археолошки инвентар. Од 1989 година работи како дизајнер во текстилната фабрика"Нокатекс", а од 1996 година како професор по ликовно во основно образование.
  Учесник на многу групни изложби кои се организирани од страна на ДЛУВ и ДЛУМ во Македонија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Египет, Косово, Бугарија, Хрватска, Словенија и др.
  Учествува на многу ликовни колонии во Македонија, Бугарија, Црна Гора, Србија, Хрватска.
 Од 2007 до 2010 кординатор на општинската ликовна колонија „Папрадишки мајстори“.
 Самостојно излага во Велес во 2006,  Нови Пазар 2008, Врање 2009, Љубљана 2009, Кавадарци 2010.
  - Добитник на наградата “Златно сонце на годината” прва награда за дизајн на производ доделена од страна Министерството за економија, 2001 г.
  - Добитник на наградата “Б. Барутовски” за графика доделена од Сојузот на ликовните педагози на Македонија, 2004 год.
 - “Златен медал” на вториот меѓународен велесаем 1996 за дизајн на производ во Загреб.

 

bottom of page